ОДБРОЈУВАЊЕ започна! Петта година SAMOKOV XTREME – ова не смеете да го пропуштите!
На 6 и 7 јуни, селото Самоков во општина Македонски Брод повторно ќе биде домаќин на манифестацијата SAMOKOV XTREME, која оваа година се одржува по петти пат. Фестивалот, кој е препознатлив по екстремните спортови и адреналинските предизвици, најавува два дена исполнети со натпревари, забава и дружење во срцето на поречкиот крај.
Според програмата, посетителите ќе можат да уживаат во разновиден содржаи, вклучувајќи мотокрос трки, оф-роуд авантури со џипови, возење со ATV возила, како и организирани планинарски тури низ недопрената природа на Порече. За оние кои сакаат целосно да го искусат духот на фестивалот, обезбедени се услови за кампување, со што се создава можност за повеќедневно дружење и уживање во природата.
Организаторите најавуваат дека годинашното издание ќе биде досега највозбудливото, со богата програма која ќе ги задоволи сите љубители на екстремните спортови и природните убавини.
За сите дополнителни информации и пријавување за учество, заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 075 770 600 (контакт лице: Гоце Бојкоски) или да ги следат објавите на официјалната Facebook страница на настанот.
SAMOKOV XTREME се потврдува како една од водечките адреналински манифестации во регионот, која годинава очекува голем број на посетители и учесници од целата земја и пошироко.