„ТРЧАЈ БЕ“ ПРОДОЛЖУВА ДА ВЛОЖУВА ВО ДЕЦАТА: СПОРТСКИ РЕКВИЗИТИ ЗА БИТОЛСКИТЕ УЧИЛИШТА

Уште една прекрасна иницијатива која го потврдува значењето на спортот и грижата за најмладите пристигна во битолските основни училишта. Организаторите на најмасовната детска трка „Трчај бе“ денеска донираа спортски реквизити, со што дадоа дополнителен поттик за развојот на училишниот спорт и физичката активност кај учениците.

Донацијата опфаќа кошаркарски, ракометни, одбојкарски и фудбалски топки, кои ќе им помогнат на учениците уште поактивно да учествуваат во спортските активности, да ги развиваат своите способности и да ги негуваат вредностите на тимската игра и здравиот начин на живот.

„Трчај бе“ со години претставува повеќе од спортски настан. Покрај тоа што ги собира најмладите љубители на спортот, оваа манифестација континуирано покажува висока општествена одговорност и грижа за заедницата. Секоја година овозможува бесплатно учество на ученици од социјално ранливи семејства и на деца од градинките, испраќајќи јасна порака дека спортот треба да биде достапен за сите.

Со ваквите активности, „Трчај бе“ продолжува да биде пример како преку спортот се создаваат подобри услови за раст и развој на младите генерации, поттикнувајќи ги да бидат активни, здрави и исполнети со позитивна енергија.


1181

Задолжително

Verified by MonsterInsights