СО МЈУЗИКЛОТ „КАО КАКАО“ ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНА БИТ ФЕСТ 2026

Со изведбата на мјузиклот „Као какао“, синоќа во преполната сала на Центарот за култура во Битола официјално беше отворено 18-тото издание на БИТ ФЕСТ – најголемата летна културна манифестација во градот.

Мјузиклот, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, со текст на Венко Андоновски и режија на Дејан Пројковски, ја отвори богатата фестивалска програма пред бројната публика.

Директорот на КИЦ Битола, Димитар Михајловски, истакна дека годинава во рамките на фестивалот ќе бидат реализирани 70 настани наменети за сите генерации, додека градоначалникот Тони Коњановски нагласи дека БИТ ФЕСТ останува препознатлив културен бренд на градот и важен промотор на уметноста и традицијата.

Во програмата се вклучени концерти, театарски претстави, изложби, литературни и музички фестивали, како и бројни традиционални манифестации.

БИТ ФЕСТ 2026 ќе трае до 29 август, кога ќе биде затворен со јубилејниот концерт на групата „Фолтин“.


1161

Задолжително

Verified by MonsterInsights