ТАВ МАКЕДОНИЈА СТАНА СПОНЗОР НА МЛАДИНСКИТЕ КАТЕГОРИИ НА ФК „ПЕЛИСТЕР“

ТАВ Македонија стана нов спонзор на младинските категории на ФК „Пелистер“ од Битола, со цел поддршка на развојот на младите фудбалери и унапредување на условите за нивен спортски напредок.

Спонзорството ќе овозможи организирање контролни натпревари и учество на домашни и меѓународни турнири во текот на подготвителниот и натпреварувачкиот период во 2026 година.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на градот и спортот, нагласувајќи дека поддршката ќе придонесе за подобри услови за развој на младите спортисти.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, посочи дека компанијата со оваа соработка го потврдува својот ангажман за поддршка на младите и спортот, додавајќи дека логото на ТАВ ќе биде дел од новите дресови на клубот.

Благодарност за поддршката изрази и координаторот на Првата македонска фудбалска школа на ФК „Пелистер“, Марјан Секуловски, кој истакна дека средствата ќе бидат насочени кон развој и унапредување на младинските категории.

Со ова партнерство, ТАВ Македонија ќе придонесе за развојот на повеќе од 400 деца и младинци кои тренираат во младинските селекции на ФК „Пелистер“.


1165

Задолжително

Verified by MonsterInsights