Прекин на водоснабдување во дел од битолско – с. Карамани без вода од утре
Поради дефект на водоводната мрежа (ПВЦ Ф-225), утре, 24.06.2026 година (среда), ќе има прекин во водоснабдувањето во с. Карамани, додека РЕК „Битола“ ќе се соочи со намален притисок на водата.
Според информациите од надлежните служби, прекинот започнува во 09:00 часот, а водоснабдувањето ќе биде прекинато сè до целосно санирање на дефектот и стабилизирање на системот.
Екипите ќе интервенираат на терен во текот на денот, а времетраењето на работите засега не може прецизно да се предвиди.
Од надлежните се апелира граѓаните да обезбедат резерви на вода за основни потреби и да покажат разбирање додека трае интервенцијата.