40 СТУДЕНТИ ОД УКЛО НА ЛЕТНА ПРАКСА ВО ОПШТИНА БИТОЛА И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Општина Битола во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, по четврти пат ја реализира универзитетската летна пракса, со цел поттикнување на практикантската работа и приближување на студентите до работата на јавните институции.

Годинава во програмата се вклучени 40 студенти кои ќе ја изведуваат праксата во одделенијата на Општина Битола, Советот на општината и во јавните претпријатија.

Градоначалникот Тони Коњановски им посака успешна пракса, истакнувајќи дека ваквите програми претставуваат пример на добра пракса од странство, каде младите се вклучуваат во работата на администрацијата како сервис на граѓаните.

Ректорот проф. д-р Игор Неделковски нагласи дека соработката помеѓу УКЛО и Општината е пионерска и инспиративна, која веќе се препознава и се применува како модел и во други институции.

Праксата се реализира во текот на летните месеци (јули, август и септември), во траење од еден месец по студент, со месечен надоместок од 10.000 денари нето.


1143

Задолжително

Verified by MonsterInsights