ЈКП „Водовод“ Битола им дава рок од еден месец на должниците да ги подмират долговите
Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Битола упати јавен повик до сите корисници кои имаат неплатени долгови, опомени или против кои е поведена судска постапка, навремено да ги подмират своите обврски за потрошена вода.
Од претпријатието информираат дека на должниците им се дава рок од еден месец од денот на објавувањето на известувањето за доброволно подмирување на заостанатите долгови, со цел да се избегнат дополнителни трошоци.
Како што појаснуваат од ЈКП „Водовод“ Битола, доколку во дадениот рок не биде извршено плаќање, претпријатието ќе биде принудено да преземе соодветни законски мерки за наплата на побарувањата, вклучително и поведување на судска постапка против должниците.
Од ЈКП „Водовод“ Битола апелираат до сите корисници да ги почитуваат своите обврски и навреме да ги измируваат сметките, за да се избегнат дополнителни трошоци и судски спорови.