Утре започнува реконструкцијата на улицата „Маркс и Енгелс“ во Битола

Општина Битола информира дека од утре, 25 јуни 2026 година, започнуваат градежните активности за реконструкција на комплетната инфраструктура на улицата „Маркс и Енгелс“.

Проектот опфаќа целосна реконструкција на улицата, со цел подобрување на сообраќајната безбедност и условите за движење на жителите и учесниците во сообраќајот.

Поради изведбата на градежните работи, од утре ќе стапи во сила времен режим на сообраќај, кој ќе важи до завршувањето на активностите на терен.

Од Општина Битола апелираат до граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и привремениот режим на движење, како и да покажат разбирање за можните отежнувања во сообраќајот во текот на реализацијата на проектот.

Надлежните служби најавуваат дека за сите понатамошни информации поврзани со текот на градежните активности, јавноста ќе биде навремено информирана.


1144

Задолжително

Verified by MonsterInsights