Во Битола претставен првиот прирачник за превенција на малолетничко престапништво

Советот за превенција од детско престапништво при Општина Битола одржа едукативна средба со стручните служби од основните и средните училишта, на која беше претставен првиот прирачник во државата за препознавање, превенција и соодветно постапување во случаи на малолетничка деликвенција.

Прирачникот е изработен од тимот за превенција при Советот и е наменет како практична алатка за училиштата во справувањето со девијантно и ризично однесување кај децата и младите.

На средбата присуствуваше и градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски, кој истакна дека документот претставува значаен чекор кон поефикасна превенција и поддршка на образовните институции.

Прирачникот им беше доставен на стручните соработници во училиштата, а по неговата примена од наредната учебна година ќе следуваат предлози за негово дополнување и унапредување.


1170

Задолжително

Verified by MonsterInsights