Градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески, во официјална средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Градоначалникот Жарко Ристески денеска оствари официјална средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, Мартин Памер, на која се разговараше за можностите за продлабочување на соработката меѓу Општина Македонски Брод и австриските институции.

Во фокусот на разговорите беа можностите за реализација на заеднички проекти во областа на локалниот развој, заштитата на животната средина и примената на европските практики во функционирањето на локалната самоуправа.

Градоначалникот Ристески изрази благодарност за досегашната поддршка од Република Австрија, истакнувајќи ја подготвеноста на Општината за натамошно унапредување на партнерството преку нови иницијативи и конкретни проекти од заемен интерес.

Амбасадорот Памер ја потврди подготвеноста за продолжување на соработката и реализација на идни заеднички активности.

Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка определба за понатамошно зајакнување на партнерските односи и развој на проекти што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.


1158

Задолжително

Verified by MonsterInsights