Министерството за дигитална трансформација: За две години тројно повеќе е-услуги и значителен напредок во дигитализацијата

Министерството за дигитална трансформација објави отчет за сработеното во изминатите две години, истакнувајќи дека фокусот бил ставен на реформи, модернизација на јавните услуги и подобрување на ефикасноста на институциите.

Според Министерството, бројот на електронски услуги на порталот uslugi.gov.mk е зголемен од 120 на 352, додека бројот на корисници пораснал од 110.000 на 266.000. Истовремено, значително е зголемен и бројот на електронски поднесени барања и издадени услуги.

Меѓу клучните реализирани проекти се проширувањето на мрежата на Центри за услуги, унапредувањето на интероперабилноста меѓу институциите, воведувањето на СМАРТ лиценци, инвестициите во сајбер безбедноста и воспоставувањето на Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“.

Од Министерството посочуваат дека Македонија напредувала за 22 места на GovTech Maturity Index на Светска банка и преминала во категорија А, а во 2025 година институцијата била рангирана како најтранспарентна јавна институција во земјата.

„Не тврдиме дека сите проблеми се решени, но насоката е променета. Македонија мора да биде држава што испорачува“, порачаа од Министерството за дигитална трансформација.


1159

Задолжително

Verified by MonsterInsights