Советот донесе важна одлука: Бесплатен паркинг за лицата со аутистичен спектар

Советот на Општина Битола на денешната седница едногласно донесе одлука со која на лицата со аутистичен спектар им се овозможува бесплатно користење на јавните паркиралишта со кои управува ЈП „Паркинзи“.

Според донесената одлука, повластената паркинг-карта ќе важи за паркинг зоните Б1, Б2, Б5, Б7, Д1, Х1, А8, А10 и А2.

Правото на бесплатен паркинг ќе се остварува преку повластена паркинг-карта со важност од една година. Картичката се издава по претходно поднесено барање, не е пренослива и може да се користи исклучиво за возилото за кое е издадена. Повластената карта се издава само за едно патничко моторно возило.

Право на добивање на повластена паркинг-карта имаат физички лица со регистрирано живеалиште или престојувалиште на територијата на Општина Битола.

Потребната документација се доставува до ЈП „Паркинзи“, кое ќе ја спроведува постапката за издавање на картите.

Со оваа мерка локалната самоуправа има за цел да обезбеди дополнителна поддршка за лицата со аутистичен спектар и нивните семејства, олеснувајќи им го секојдневното функционирање и пристапот до јавните услуги.

Одлуката беше донесена едногласно од страна на членовите на Советот на Општина Битола.


1127

Задолжително

Verified by MonsterInsights