Добри вести за Битолчани: „Комуналец“ доби уште две нови возила

ЈП „Комуналец“ Битола денес го збогати својот возен парк со уште два нови камиони за собирање и транспорт на комунален отпад со капацитет од 12 кубни метри. Со ова, досега се испорачани шест од вкупно десетте возила предвидени во рамки на проектот што се реализира во соработка со Општина Битола, Владата на Република Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Новите камиони ќе овозможат поефикасно и побрзо собирање на отпадот, подобра покриеност на урбаните и руралните средини, како и поквалитетна комунална услуга за граѓаните. Воедно, обновувањето на механизацијата ќе придонесе за поголема сигурност во секојдневното функционирање на претпријатието и намалување на застојот поради дефекти на постарите возила.

Со новата опрема ќе се прошират и реоните во кои ќе се врши селекција на отпадот уште на местото на неговото создавање, што е важен чекор кон поефикасно управување со отпадот и поголема заштита на животната средина.

По испораката на преостанатите четири возила, ЈП „Комуналец“ ќе располага со значително обновен возен парк, што ќе овозможи уште подобра организација на работата и повисок квалитет на услугите за сите жители на Општина Битола.


1167

Задолжително

Verified by MonsterInsights