Денес премиера на документарно-музичкиот филм „Софија Кочевска – 55 години кариера“

Денес(петок) 10 јули 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во Кино „Манаки“ во Битола ќе се одржи премиерата на музичко-документарниот филм „Софија Кочевска – 55 години кариера“, посветен на богатото творештво и повеќедецениската музичка дејност на една од најпрепознатливите македонски музички уметници.

Филмот претставува емотивно патување низ 55 години исполнети со музика, песни, настапи и посветеност, прикажувајќи ја животната и професионалната приказна на Софија Кочевска, нејзиниот придонес во македонската музичка култура и наследството што го остава зад себе.

Проекцијата ќе се одржи во Кино „Манаки“ на Широк Сокак во Битола, а влезот е слободен за сите посетители.

Организаторите упатуваат покана до сите љубители на македонската музика, пријатели, колеги и почитувачи на ликот и делото на Софија Кочевска да присуствуваат на оваа свечена премиера и заедно да одбележат значаен јубилеј – 55 години успешна музичка кариера.

Настан:

  • 🎬 Премиера на музичко-документарниот филм: „Софија Кочевска – 55 години кариера“
  • 📅 Датум: 10 јули 2026 (петок)
  • 🕢 Време: 19:30 часот
  • 📍 Место: Кино „Манаки“, Широк Сокак, Битола
  • 🎟️ Влез: Слободен

1248

Задолжително

Verified by MonsterInsights