Битола ќе пулсира во ритамот на „Пајнца Фест 2026“
Љубителите на алтернативната музика и добрата фестивалска атмосфера на 23 јули (четврток) ќе имаат можност да бидат дел од уште едно издание на „Пајнца Фест 2026“, кое ќе се одржи во Старата чаршија во Битола, на просторот зад поранешниот „Јавор“, денес „LC Waikiki“.
Фестивалот започнува во 21:00 часот, а влезот е бесплатен, што го прави настанот достапен за сите љубители на живата музика и урбаната култура.
На сцената ќе настапат специјалните гости Кенопсија, DJ Dafina & Mustache, Misanthrope, како и прилепската група Side Quest, кои ќе понудат разновидна музичка програма и енергична атмосфера до доцна во ноќта.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со добра музика, дружење и позитивна енергија во препознатливиот амбиент на битолската Стара чаршија. „Пајнца Фест“ веќе прераснува во традиционален летен музички настан кој собира публика од Битола и поширокиот регион.
Сите заинтересирани се поканети на 23 јули да бидат дел од фестивалската атмосфера и заедно да уживаат во уште едно издание на „Пајнца Фест 2026“.