Туризмот како двигател на економијата: Битола ја отвори дебатата за развојот до 2032 година

Во салата на Советот на Општина Битола денеска се одржа регионална работилница за Пелагонискиот плански регион, во рамките на процесот за изработка на Стратегијата за развој на туризмот на Македонија за периодот 2027–2032 година, што го спроведува Министерството за култура и туризам.

На работилницата учествуваа претставници на општините од регионот, како и претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор. Поздравно обраќање имаше градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека Битола, со своето богато културно-историско наследство и континуирани инвестиции во инфраструктурата, има значајни потенцијали за развој на туризмот и локалната економија.

Експертскиот тим ангажиран за подготовка на Стратегијата ги презентираше резултатите од анализата на состојбите во туризмот во Пелагонискиот регион и клучните предизвици и можности за негов понатамошен развој.

Во рамките на работилницата беше отворена дискусија, при што учесниците дадоа коментари, забелешки и предлози кои ќе бидат вклучени во понатамошната подготовка на Стратегијата. Анализата опфаќа туристичка побарувачка, пазари и трендови, туристичка понуда, економски ефекти, како и организација и управување со туризмот.


1121

Задолжително

Verified by MonsterInsights