Делегација од Унгарија во работна посета на Општина Битола за продлабочување на меѓусебната соработка

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја прими делегацијата од осумнаесеттиот дистрикт на Општина Будимпешта, предводена од градоначалникот Шандор Санисло. На средбата присуствуваа и претседателот на Советот Бојан Бојкоски, секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, соработникот за култура и спорт Александар Стефановски и раководителката на одделение Цветанка Ристевска. Од унгарска страна, делегацијата ја сочинуваа и заменик-градоначалникот Петер Кереш, главниот административен службеник Роберт Роњец и раководителот на одделение Јанош Сзентецки.

Градоначалникот Коњановски ги запозна гостите со богатото културно и историско наследство на Битола, посебно акцентирајќи ги големите фестивали што традиционално се одржуваат во градот. Тој ги истакна и економските потенцијали, пред сè индустриската зона „Жабени“, како и значајните можности за понатамошен развој на туризмот во регионот.

Партнерството меѓу двата града негува традиција долга 26 години, иницирано преку соработката на фолклорните ансамбли на КУД „Илинден“ и Фондацијата за танцова уметност „Теблаб“, која годинава ќе настапи на манифестацијата „Илинденски денови“.

На средбата беше договорена возвратна посета во септември, како и интензивирање на идната соработка и заеднички проекти меѓу двете општини, со цел зајакнување на локалните капацитети и меѓународната промоција.


1165

Задолжително

Verified by MonsterInsights