Битола доби нов паркинг простор во поранешната касарна со 1550 м² површина

Во поранешната касарна во Битола денеска беше асфалтиран новиот паркинг простор изграден во рамки на СТУ9 АРМ – Четврт 3, со што се обезбедуваат нови паркинг места за граѓаните во овој дел од градот.

Новиот паркинг простор има вкупна површина од 1550 квадратни метри и претставува уште еден чекор кон подобрување на паркинг инфраструктурата и уредување на јавните површини во Битола.

Проектот е реализиран преку вториот владин повик на Министерството за транспорт, а опфати изградба на коловоз, атмосферска канализација, сообраќајно уредување и осветлување, со што просторот доби целосно функционална инфраструктура.

Вредноста на договорот изнесува 6.256.014,18 денари.

Со реализацијата на овој проект, Општина Битола продолжува со активностите за создавање нови паркинг капацитети и подобрување на условите за движење и живеење во градот. Во тек се и други проекти на повеќе локации, со кои дополнително ќе се зголеми бројот на расположливи паркинг места за граѓаните.


1125

Задолжително

Verified by MonsterInsights