98 нови паркинг-места и три реконструирани улици за само една недела

Битола изминатата недела доби три реконструирани улици и 98 нови паркинг-места, како дел од инфраструктурните активности на Општина Битола.

Во просторот на поранешната касарна изграден е нов паркинг на површина од 1.550 квадратни метри, со 73 нови паркинг-места. Вредноста на проектот изнесува 6.256.014 денари.

Реконструирана и асфалтирана е улицата „Козара“, каде е извршена и реконструкција на водоводната и канализациската мрежа во должина од 230 метри. Инвестицијата е вредна 4 милиони денари.

Во центарот на Битола завршен е проектот за изградба на паркинг и уредување на улицата „Браќа Џаферови“. На површина од 1.100 квадратни метри обезбедени се 25 нови паркинг-места, а вредноста на проектот изнесува 2.752.772 денари.

Кај Здравствениот дом асфалтирани се улиците „11-ти Март“ и „Панде Николов“, во должина од 220 метри. За овој проект се издвоени 6.073.392 денари.

Вкупната вредност на наведените проекти изнесува околу 19,08 милиони денари, а со двата нови паркинг-простори се обезбедени вкупно 98 места.

Од утре започнуваат и градежните активности за изградба на нов паркинг-простор на локацијата позната како „Ат Пазар“.

Од Општина Битола најавуваат продолжување на активностите за подобрување на сообраќајната и инфраструктурната мрежа во градот.


1144

Задолжително

Verified by MonsterInsights