35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА – „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“ ВЕЧЕРВА ВО БИТОЛА

Пред 35 години, на 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на референдумот јасно ја потврдија волјата за самостојна и независна држава.

Оттогаш, три и пол децении Македонија ја гради својата современа приказна – низ предизвици и успеси, низ генерации кои создаваат, работат и го чуваат македонскиот јазик, култура, традиција и идентитет.

Токму во духот на тоа наследство, музичкиот караван „Силно светнал ден“ вечерва пристигнува во Битола.

📍 Офицерски дом – Битола
🕣 20:30 часот

Повеќе од 120 уметници – пејачи, музичари и танчари – ќе ја раскажат македонската музичка приказна низ најпознатите песни и композиции од различни периоди.

На сцената: Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Пере од „Нокаут“, Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, „Некст тајм“, Тони Зен, „Ареа“, Миле Кузмановски и многу други.

Песни кои ги паметиме.
Музика со која растевме.

35 години сопствена држава, сопствена приказна и сопствен пат.

Битола вечерва ја продолжува прославата.
„Силно светнал ден“ – 35 години независна Македонија!


1152

Задолжително

Verified by MonsterInsights