Култниот „Мизар“ ја запали Битола – преполно платото пред Офицерскиот дом

Култната македонска група „Мизар“ повторно приреди концерт пред бројна публика во Битола, исполнувајќи го до последно место платото пред Офицерскиот дом. Препознатливиот звук на бендот и карактеристичната сценска енергија привлече голем број љубители на македонската музика.

Публиката во текот на вечерта имаше можност да ги слушне песните по кои „Мизар“ со децении е препознатлив на македонската музичка сцена. Амбиентот пред Офицерскиот дом, со бројната публика и отворениот простор, придонесе концертот да помине во посебна атмосфера.

Ова е втор настап на „Мизар“ во Битола во последните четири години на истата локација. И претходниот концерт беше исклучително добро посетен и остави одличен впечаток кај публиката, што беше дополнителен мотив интересот за новиот настап да биде голем.

Концертот беше реализиран во продукција на КИЦ Битола, во рамки на културната програма на установата. Со изборот на „Мизар“, КИЦ Битола продолжува со организирање музички настани што привлекуваат публика и го активираат јавниот простор како сцена за културни содржини.

Големата посетеност на концертот уште еднаш покажа дека Битола има публика за квалитетни музички настани на отворено, а „Мизар“ и понатаму останува едно од имињата што со својот препознатлив израз успева да привлече повеќе генерации.


1315

Задолжително

Verified by MonsterInsights