Во Битола започнува изградбата на вториот Lidl маркет
Во Битола утре, среда, 23 септември, ќе биде поставен камен-темелникот на вториот продажен објект на Lidl во градот. Свечената церемонија ќе се одржи со почеток во 12 часот на улицата „Васко Карангелески“ број 31.
Со поставувањето на камен-темелникот официјално започнува изградбата на вториот маркет на Lidl во Битола, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во Северна Македонија.
Од компанијата посочуваат дека инвестицијата треба да придонесе кон локалниот економски развој, отворањето нови работни места и проширувањето на понудата за потрошувачите во Битола и околината.
Новата инвестиција воедно отвора можности за продлабочување на соработката со домашните производители и зголемување на нивното присуство во продажната мрежа.
На свеченоста се предвидени обраќања од Катарина Зориќ, директорка за недвижности во Lidl Северна Македонија, и Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола.
Со изградбата на вториот објект, Lidl продолжува со проширувањето на своето присуство во Битола, каде што компанијата веќе има продажен објект.