WATERVILL: Нови решенија за водоснабдувањето во битолските села

Битола влегува во нова фаза од меѓународниот проект „WATERVILL“, насочен кон подобрување на водоснабдувањето во руралните и планинските населени места.

На состанокот на Управниот комитет во Валенсија, Општина Битола ги претстави потребите на руралните средини, како и можностите и предизвиците за подобрување на сигурноста и квалитетот на водоснабдувањето.

Проектот предвидува развој на нови дигитални алатки, климатски отпорна водоводна инфраструктура и систем за поддршка при изборот на приоритетни инвестиции.

Следниот важен чекор е во ноември, кога партнерите од проектот ќе дојдат во Битола за да ги разгледаат состојбите на терен и да ги утврдат приоритетите за конкретни мерки и инвестиции.

Во „WATERVILL“ покрај Битола учествуваат и пилот-општините Жабљак, Теслиќ и Илирска Бистрица, а проектот е финансиран преку програмата Interreg Euro-MED.

Целта е јасна – посигурно, поквалитетно и поодржливо водоснабдување за жителите на руралните средини.


1107

Задолжително

Verified by MonsterInsights