ЗЕЛЕН КИЛИМ ЗА „ОСМИОТ ИГРАЧ“ НА РК „ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР“

На радост на сите битолчани, Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ ја отвораат фан-зоната „ОСМИОТ ИГРАЧ“, посветена на 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“.

Зелен килим, музика и диџеј, навивачко шминкање, 360° камера, клупски производи, зона за најмладите, храна и пијалаци – а пред влезот во салата ќе има и заедничко одбројување.

На теренот се седум, но осмиот играч е на трибините!

Во чест на оние кои веќе 41 година покажуваат што значи да се биде зад својот клуб, подготвено е и вистинско изненадување за сите навивачи на „Пелистер“.

Европската вечер започнува во среда во 18:00 часот, на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола – пред почетокот на натпреварот.

Битола навива. „Чкембари“ се 41 година со „Пелистер“!


1093

Задолжително

Verified by MonsterInsights