Леон Стефановски: Денес да ги потсетиме Бугарите дека ниту биле на вистинската страна, ниту ја промениле реториката од едно минато време
Солидарност, почитување, помагање, визија, единство! Денот на Европа е ден кој е втемелен во генетскиот код на Европските држави. 9 мај има огромна симболика, 9 мај е и денот на победата над фашизмот. Ден во кој се оддава почит кон животите згаснати во борбата против фашистичкиот окупатор. Ова е ден во кој со гордост може да потенцираме на која страна се наоѓаме во книгата наречена историја. Но во исто време да бидеме гласни и експлицитни кон соседна Бугарија и да ги потсетуваме дека ниту биле на вистинската страна и дека со ваквите политиките не покажуваат никаква разлика од политиките кои ги воделе во тоа време.
Триумф над фашизмот, слобода на народот, обединета Европа! 🇲🇰🇪🇺
Ставовите искажани во рубриката СТАВ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на pelanet.mk. Редакцијата на pelanet.mk се оградува од ставовите во објавените рубрики, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот