April 19, 2024

ПОПИСОТ 2021 И СЕ’ Е МОЖНО!

Пишува Благица НОВКОВСКА
Податоците биле одамна договорени, барем тие политички потребните и затоа сега другите податоци што таканаречените светски експерти божем ги обработуваат се нелогични, па немаат никаква употребна вредност.
Но, договарачите и подготвувачите ќе си ги употребуваат, а на другите баш им е гајле што веќе нема кредибилна официјална статистика во Македонија.
Еве, на подготвувачите им се брза за на одмор, па уште пред некој ден, објавија податоци од 30 јуни 2022!
Според фалсификуваниот попис, во општина Аеродром на пример, има 6.596 живеалишта и 77.735 жители. Во просек во едно живеалиште има по 11,8 лица…
Или, во пописот 2002 година имало 698.143 живеалишта и 697.529 ставови. Во пописот 2022 година бројот на живеалишта е 533.659 а бројот на становите е 526.350. Значи, за 20 години, од 2002 до 2022 година, не е изграден ниту еден нов стан, туку срушени се повеќе од 170.000 станови?!

Со Пописот 2021 и се’ е можно! Ама не е за верување…


1016