September 28, 2023

Фудбалерките на ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ од Новаци кај градоначалникот Стевановски

Градоначалникот Стевче Стевановски ги прими во својот кабинет младите фудбалерки од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци кои на државното првенство во футсал го освоија второто место. Натпреварот се одигра во Скопје помеѓу екипата од училиштето ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци и ЦОУ „Љубен Лапе“ од Скопје. На овај одличен спортски пласман им претходеа општинските натпреварувања помеѓу основните училишта во општина Битола, потоа следуваше освојување на првото место на натпреварувањето во западниот регион кој им ја осигура картата за на државен натпревар на овие млади фудбалерки.

Градоначалникот им посака уште многу вакви успеси како на личен така и на општински план. Само напред до нови победи и успеси.


1006