April 18, 2024

Советот на Општина Новаци ја одржа 11 тата седница

Советот на Општина Новаци денеска ја одржа 11-тата седница на која на дневен ред се разгледаа околу четириесеттина точки.

По усвојувањето на записникот од претходната седница, советниците разгледаа и усвоија неколку предлог одлуки и тоа: за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправни објекти во идна урбанистичко-планска документација (с.Маково), за отпочнување на постапка за донесување на Урбанистички план за село Добромири, за обезбедување на средства за надоместок за воспоставување на службеност и потполна експропријација за Изградба на цевковод за водоснабдување на селата Бач, Брод, Живојно и Добровени, Општина Новаци, за утврдување на приоритет на проект “Изградба на плоштад кај куќата на Калеш Анѓа“ во с.Старавина, за сопствено учество на Општина Новаци при аплицирање со проект “Изградба на плоштад кај куќата на Калеш Анѓа“ во с. Старавина.

Советот на општина Новаци ги разгледа и донесе следните документи: предлог – измена и дополнување на годишна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2022 година, предлог – одлука за усвојување на одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Битола, предлог – решение за именување на членови на заедничката Комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Новаци и годишниот извештај и завршна сметка за работењето на Јавно претпријатие за комунални дејности “Комунална хигиена “ – Новаци за 2021г., годишен извештај на извршените работи за одржување на јавна чистота во Општина Новаци за 2021г. и Одлука од Управен одбор за усвојување на извештаите.

Советниците донесоа одлука за утврдување на цените на услугите на ЈПКД „Комунална хигиена“ –Новаци, Правилник за основна плата и додатоци на плата на вработените во ЈПКД “Комунална Хигиена“ – Новаци, одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПКД “Комунална хигиена“ –Новаци.

На 11 тата седница се разгледаа и неколку барања и тоа за разрешување од член на Надзорен одбор на ЈПКД “Комунална хигиена““ Новаци и именување на нов член, за доделување финансиски средства за одржување на противпожарно возило од Здружение за едукација за заштита од пожари Противпожарна Бригада – Новаци, барањето од КУД Новаци–Новаци за финансиски средства за реализирано учество на фолклорни фестивали во Градско, Радовиш и Македонски Брод, барање од ЗФК “Пелагонија“ с. Добромири за финансиски средства за натпреварување во Општинска лига – Битола пролетен дел 2021/2022г. , од Здружение Меморијален турнир во мал фудбал “ПЕЦАК-ПМ 2001“ за финансиски средства за организирање на традиционал- ниот меморијален турнир во мал фудбал, од МЗ Будимирци за градежи матерјали (цевка и пластика) потребни за изведба на дренажен систем на црквата “Св. Никола“ во с. Будимирци, Црковниот одбор на манастирот “Пресвета Богородица“ с.Новаци за градежени материјали за изградба на помошен објект и замена на цевка за собирање на атмосферската вода во Зовиќ.

Како дополнување на дневниот ред беа разгледани и неколку барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош на Совет на Општина Новаци и тоа: за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од општина Адапазари, Сакариа, Република Турција во Општина Новаци, за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од општина Хрпеље-Козина, Република Словенија во Општина Новаци, неколку барања за лекување од физички лица и барање за за финансиска помош од лицето Елизабета Јончиќ од с. Новаци за печатење на книга со книжевно-критички осврти и толкувања за изданија на македонски реномирани книжевници.

Советот на Општина Новаци по поднесено барање донесе одлука да му додели на ЗФК“ Новаци 2005“ финансиски средства во износ од 300. 000,00 ден за завршување на пролетниот дел од сезоната додека по однос на другото барање од ЗФК „Новаци 2005“ за исплата на финансиски средства во висина од 757 149,00 ден. за подмирување на заостанат долг донесе заклучок за спроведување на ревизија за досегашното работење на фудбалскиот клуб ЗФК “ Новаци 2005“ или промена на раководството на клубот.


1016