Првите песни ни пристигнаа од Славица Танева Анева
Со почетокот на рубриката Литературно катче, каде ќе објавуваме творби од наши автори, ни пристигнаа прекрасните стихови од штипската авторка Славица Танева Анева.
Се надеваме дека ќе имаме голем број активни и плодни автори, кои со нивните творби ќе ја збогатат нашата нова рубрика.
И благодариме на Славица Танева Анева за кршењето на мразот.
Волшепство од илузии
Сплет од чувства
волшепство од илузии,
реалноста стана надеж,
надежна е љубовта,
надежна е силата
од која крилја добивам,
од тебе заслужена.
Горчливиот пелин
во минатото е…
Нестварниот свет
го закопав
во ридот создаден
од солзи…
Нека чемрее
и нека ‘рѓосува
се’ што е негативно…
Душата моја се издигна
со тебе само…
Со тебе ја поминав
и пречката најголема…
Тебе те имам
во прегратки
и не планирам
да те пуштам наскоро.
Магија
Мешавина осећања,
магија илузија,
стварност је постала нада,
нада је снажна,
добила сам крила,
заслужено од тебе.
Горки пелин
у последњем свету,
сахранила
сам га
у брду створено
од суза…
Нека сване,
нека зарђа
све што је негативно…
Моја душа је ускрснула
само са тобом…
Провела бих
моје најбоље године
због тебе с тобом
највећа препрека
постала мала.
Ти у наручју си мом,
ја имам тебе,
и не намеравам
да те ускоро пустим.
Силен наплив од чувства
Љубов ли е?
Што ли е?
Лесен занес
в срце носам.
Ти во мене
копнеж будиш.
Ти во мене
љубов вдахнуваш.
Врела страст,
во жилите, жешка крв.
Неочекувано,
но секогаш сакам,
зборови нежни
од тебе да слушнам.
Ко дрога си,
опојна, слатка.
Во мене зависност
предизвикуваш.
Утробата моја
потскокнува
кога покрај мене
те замислувам.
Блаженство е
кога знам дека
твоето второ име
е љубов.
Снажан налет осећања
Да ли је то љубав?
Шта је то?
Лагана екстаза у срцу носим.
Ти у мени будиш чежња.
Ти у мени инспиришеш љубав.
Врућа страст,
у венама врела крв.
Неочекивано, али увек желим,
нежне речи да чујем.
Каква си ти дрога,
опојна, слатка.
Овисност у мени ти изазиваш.
Моје тело дрхта,
кад поред мене замишљам те.
То је блаженство, кад то знам,
да је твоје друго име љубав.
Цветот преубав
се отвори,
рашири мирис, опоен
рашири надеж.
Мирисот преку сетилата
влезе во битието
сосем го преобрази,
го раззубави,
го разнежни.
Битието-нежност стана,
се разбудија во него сетилата,
ја отвори и ослободи
аурата.
Се доближија реалност и страст,
се разгоре огнот на љубовта,
го освои срцето,
ги спои искршените парчиња,
направи тотална преобразба.
Да, таа…
Нејзиното Височество Љубов.
Љубав
Цвет је леп
отворен,
шири опојан мирис,
шири наду.
Мирис кроз чула
ступио у постојање
потпуно га је трансформисао,
улепшај га,
омекшај га,
нежност је постала,
у њему се пробудила чула,
отворио и ослободио ауру.
Стварност и страст
приближили су се,
ватра љубави
освојило срце,
спојило је делове поломљене,
урадила је потпуну трансформацију.
Да, то је она…
Њено Величанство Љубав.

Снег во срцето
Снег во срцето-
-белина.
Студено во душата страдна,
капките бисерна роса
во слана студена…
Но, тоа одамна беше.
Сега, снегот се стопи,
огнови на љубов слатка,
огнови на љубов искрена
горат со пламен огромен,
среќата бескрајна,
среќата бесконечна,
височини во недоглед,
искрите крилести,
пердуви разлетани,
облаци од памук
распрскани.
