Поезија: ‘Не е крај’ од Дијана Келтаневска

Нашата млада поетеса Дијана Келтаневска од Скопје ни испрати творба која заслужшува да се објави и прочита. Се надеваме и понатаму дека Дијана ќе ни праќа нејзина поезија која со задоволство ќе ја објавуваме.

Не е крај

Tој го скрши мразот во најголемиот студ.

Toj jа подаде раката, ја извлече од јамата без дно

во која тонеше несвесно од нејзините желби и амбиции.

Нејзините желби имаа само почеток,

но не им се знаеше крајот.

Јамата што сама си ја ископа

ја влечеше надоле се повеќе и повеќе.

Ах, животот ќе и беше толку едноставен

ако знаеше како да го живее.

Пред неа се појави светлина – се појави тој.

Дојде изненадно, неочекувано…

во еден студен, ветровит, снежен зимски ден.

Toj jа осветли, го покажа патот по кој треба да чекори.

За неа, тој беше извор на топлина

во мрачниот и ладен тунел, во кој ја пронајде.

Тој беше сонце кога сите темни облаци се насобраа над неа.

Со насмевка на лицето, со широко отворени раце

ја гушна најсилно што можеше.

Неговата насмевка зрачеше, блескаше како сонцев зрак.

Тој и даваше утеха и надеж да се бори, да не се откажува,

да продолжи да живее.

Неговата чиста, добра душа светеше како светилник.

Тој изнудуваше среќа и насмевка на нејзиното лице.

Со неговата мирна душа носеше спокој кај неа во тешките времиња.

Времето им минуваше во среќа, радост, смеа.

Заедно се смееа, радуваа, плачеа.

Таа неможеше да ја опише добрината што ја виде кај него.

Таа стана среќна.

Солзи радосници блескаа на незиното лице од среќа.

Среќа што го запозна, што стана дел од нејзиниот живот.

Никогаш не ја напушти.

Не дозволи да чекори сама по непознати патишта.

Тој беше до неа во добро и лошо.

Тој беше до неа кога имаше успеси и падови.

Тој беше до неа, кога таа гласно рече…Готово е!

Автор: Дијана Келтаневска


1115

Задолжително

Verified by MonsterInsights