Од поетското творештво на Силвана Мелева
КОГА МЕСЕЧИНАТА се огледа во езерото
Таа тогаш дозна дека има лузни по лицето
Таа тогаш сфати дека не е совршена
И ако е високо над сите и таа си има своја мана.
Кога се огледа месечината во езерото
Се напрегаше колку што може да биде посјајна,
Но пак ноќта остана ноќ,
Се дури сонцето не се појави
Се дури тоа денот не го означи,
Зошто и од светлината има поголема светлина
Зошто треба секој да знае кога е неговото време да свети.
Кога месечината пак се огледа во езерото
Тоа и намигна, зошто и тогаш беше потребна
Да им свети на рибарите
Кои ноќе ловат по темнината,
Да им ја направи ноќта романтична на вљубените
Додека тие сонуваат за иднината.
Да им преѕирка преку прозорец на децата додека тие слатко спијат,
Да ги покрива со сребрен чаршав додека во сон од денската игра се кријат.
И за крај пак се огледа месечината во езерото
Пред Сонцето да изгрее,
Пред таа да оди на спиење,
Тогаш сфати веќе дека лузните и станале украс на лицето зошто убавината и била скриена во срцето.
Браво Силвана!
Редакцијата на ПелаНет можи да кажи само дека е ова прекрасна поезија и сме среќни дека оваа рубрика пројави голем интерес кај нашите посетители.
