Спомен костурница во Куманово
Споменикот кадешто се одржа македонската централна манифестација за одбележување на 11Октомври е место кадешто во Првата светска војна биле нанесени големи штети на Отоманската војска. Споменикот кој бил изграден во 1913 година бил урнат. Денес во овој реон се наоѓа споменикот кој ги слави партизаните.
Сместена северно од централното подрачје на Куманово, на патот кон Крива Паланка, се наоѓа спомен костурницата посветена на борците кои животот го дадоа во народно ослободителната војна за Македонија.
Изработена е во 1957 година од архитектот Коча Зордумис, а вајар е Сретен Стојановиќ.
Споменичниот комплекс претставува парковски дефинирана целина позиционирана на возвишение со добра ориентација од каде се отвора панорамски поглед кон градот.

На највисоката точка се формира плато, кон кое се пристигнува по церемонијално скалиште. Централна положба ja има скулптурата на жена со високо подигнато класје и вертикалата која доминира зад неа. Во окружјето се наоѓа и криптата со посмртни останки на 300 загинати борци, спомен плочи, бисти на позначајните херои.
Како и повеќето споменични целини со значење за овој историски период, и кумановската костурница долго време беше фрлена во заборав. Минатата година општината во соработка со локални донатори и Министерството за култура превземаа активности за нејзина реконструкција.
Извор: „Jugoslavija-spomenici revoluciji 1968“