Од творештвото на Благица Гавриловска

Не ме заведувај !
Сè што си сега
Сè што ќе бидеш утре
Го допира моето срце
Толку длабоко во мене
Секоја воздишка во ноќта
Секој збор што го кажуваш
Ме заведува
Сè што сум јас
Сè што ќе бидам
Воопшто ништо не
ми значи
Ако не можеш да
бидеш со мене
Погледот во твојот мил лик
и секој твој збор заведува
в срце ме прободува.
Не ми е гајле за утре
Се откажав од вчера
Тука и сега е сè што е важно
Но се со тебе ми е неизвесно
сакам да побегнам и
на се да заборавам
не сакам со оган да играм
пламенот да ме не изгори.
Сè на овој свет
Секој глас во ноќта
Секоја ситница за убавина
Сјае низ твоите очи
И се што си ти станува дел од
мене.
Затоа не сакам да паднам во таа
игра заводлива
со неа не сум снаодлива
без срце игри не играм и
се плашам од таа игра пламена
срцево да не ми изгори.
И ако треба да умрам утре
Би слегла со насмевка на лицето
Му благодарам на Бога што
те запознав
Паѓам на колена
За сета љубов ,,,
но знам не е остварлива
Поетите немаат сон!
поетите емоциите и в сон ги следат
и од сон ги будат
се узбуркале и притискаат
надвор да излезат бараат
просторот внатрешен,,
тесен им е
Поетите немаат сон
длабоки емоции
во сон се раѓаат
немири ги ствараат
и да сонуваат не даваат
поставуваат прашања многу
и одговори бараат.
Поетите немаат сон
ерупции од емоции
од сон ги будат
и немири во душата носат
се што ги мачи во ден
во ноќ се крева
и од сон ги буди.
Поетите немаат сон
во ними милиони прашања
немирни се и одговор бараат
се што им изгледа светло и бело
дали е навистина светло и бело
прашуваат и сон не даваат.
Поетите немаат сон
и знаат,о добро знаат
илузии тие немаат
дека се што се чини
црвено и бело
има и сиви нијанси
но има и некои измеѓу што се
а каде се ,каде се наоѓаат тие .
Имам желба голема
да имам моќ и уште поголема сила
да го обојам светот во боите на љубовта и светлината
Да исплетам плетенка
со црвено бели нишки
да го обојам светот со
црвена и бела боја
црвена како љубовта
Зашто љубовта ја има таа моќ да го обои светот во бело
во бојата на светлината и среќата
Мојот исчекор до тебе !
Му свртив грб на минатото,
за да те пронајдам тебе и
се изгубив за да се пронајдам себе
во себе и во тебе.
На моменти помислувам и
се прашувам дали
залутав јас ?
Но кога во мракот на ноќите
ме бараш душо,
како бродоломник
за спас ме држиш ,
Ти мене исто како јас тебе,
како две сродни души
пронајдени во самотијата
Тогаш знам дека не погрешив јас
и дека со тебе ќе бидам
до мојот последен час
и нема да те напуштам никогаш.
И кога во ноќите и дните ,
ги делиме осамените часови
заедно еден со друг
единствено што знам е
дека мене не ми треба ништо друго
ништо друго освен тебе до мене.
