НА 2 АВГУСТ 52-ра СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ВО ТРНОВО
Во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 2 август 2023 година, на големиот христијански празник Свети Отец Пророк Илија – Илинден, во потпелистерското село Трново, битолско, во дворот на Македонскиот православен храм „Успение на Пресвета Богородица“ ќе се одржи традиционалната 52. Семакедонска Средба Трново 2023 и 43. Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како една и единствена СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ТРНОВО 2023.
На 52. Семакедонска средба годинава се очекуваат повеќе илјади посетители од сите делови на Македонија, од светот и татковината.
Семакедонската средба започнува во 10.30 часот, а ќе трае до 12.30 часот, по што ќе продолжи со општонародна веселба до 15 часот.