April 16, 2024

Поезија: Благица Гавриловска за (НЕ)СРЕЌАТА

О ! Боже ,зошто ми даде наивно,
меко и широко срце,
кое постојано ме влече,
таму каде луѓето не се луѓе,
себични ,злобни,
луѓе безмилосни и несовесни.
Да бидам алтруист ,
несебично се од себе да дава и да горам
од неправедни,невреди .
Да бидам жртва за луѓе кои,
не можат да ги вреднуваат ,
моите добрини,
кои за добро , враќаат со понижување ,неразбирање и грубост..

Зошто направи мојата среќа секогаш
да е таму каде што мене ме нема.
Се од себе да давам,
срцето да го заложувам
на страдње ,
а среќата да ми бега.
како ѓаволот од крстот.


1195