Општина Новаци ќе помага за клима уреди: 50 домаќинства ќе добијат субвенции

Ако сте од Новаци и планирате да купите климатизер, ова е шанса за вас!

Општина Новаци отвори јавен повик за субвенции, каде 50 домаќинства можат да добијат по 20.000 денари за да набават високоефикасни инвертер клима уреди. Повикот трае еден месец, па не пропуштајте шанса.

„Ова е веќе втор пат да го правиме ова. Прв пат беше во 2021 година кога ветив дека ќе помогнеме на граѓаните и сега повторно, по големиот интерес. Секој што ќе аплицира, ќе добие 20.000 денари за клима, без разлика колку ќе чини уредот. Ако климатизерот е поскап, разликата ќе си ја покрие барателот“, рече градоначалникот Стевче Стевановски.

Кој прв ќе се пријави, тој прв ќе добие помош. Важно е документацијата да е комплетна и точна, зашто ќе се одбиваат оние кои ќе испратат неуредни пријави.

Вкупно 1 милион денари се ставени на располагање за оваа акција, а средствата се од Буџетот на Општина Новаци.

Целта е да се поттикнат домаќинствата да ги заменат старите печки на фосилни горива со нови климатизери што не загадуваат, а ќе го намалат и влијанието врз климатските промени.


1246

Задолжително

Verified by MonsterInsights