Поезија од Благица Гаврилоска – Не гледај назад
Не се врти никогаш!
Не се врти никогаш и не мисли често.
На некоја, веќе одамна помината патека
Зашто се што било,
Нема повеќе да биде.
И сите сме ние, овде,
само во поминување.
Не немој да гледаш назад и,
не плачи за играчката,
Што веќе скршена е!
не плачи за нешто,
Што веќе завршено е,
И останато негде во одминато време.
Зашто сите ние сме,
Играчки, во нечии раце.
Не немој да гледаш назад.
Судбината е таа,
Која конци влече
И кога сме среќни,
И кога сме тажни,
И кога животот,
Нова мака или радост носи.
Не, не гледај и не мисли назад.
И не жали веќе,
Дека можело, поинаку да биде.
Не тагувај и за цветот,
што венее во тебе.
Зашто сите твои таги
Еден ден ќе бидат,
Само спомен минат.
Не завртувај се назад!!
И не чепкај многу,
По минатото свое.
Не собирај ги трошките
На замината среќа,
Зашто сме сите ние,
трошки под небесната капа.
Не го гори огнот,
Што угаснат е,
и пепел веќе станал.
Не, не мисли назад.
Зашто се што било повеќе,
не може да биде.
И не жали за некој,
кого веќе го нема.
И речи си само:
убаво ни беше додека траеше.
Зачувај го негде, во сеќавањето свое
како птиче мало,
што на дното на гнездото се скрило.
Не, не мисли назад!
И не жали за виното,
што истурено е цело.
Не собирај ги стакленцата,
на скршенита чаша.
Зашто единствено што можеш е,
да ги повредиш своите раце.
Стегни заби,
нека не крварат вејќе.
Не, не се врти назад.
А вина уште има,
Некаде и преполни чаши.
Иако не се наши,
Но може да бидат,
Ако судбината сака.
Барем една и тебе да ти даде.
Не, не мисли и не гледај назад.
Не го осудувај животот
и не тагувај за среќата
што некогаш била, поминала и не се враќа иста.
А треба ли уште да сонуваш?
кога мислиш дека, ти сеуште можеш да леташ,
иако во тебе, надежта е мртва.
Не, не мисли назад и не жали веќе,
а тебе уште не ти се скршени крилата.
Оштетени се, но собери сила и отвори крила.
И не мисли никогаш дека,
било можело, подобро и поубаво да биде.
Бидејќи си ти сеуште, не затворена книга,
Која овој живот ја отвара
и на чии страници уште пишува.
Не, не гледај назад,
но не гледај и во ѕвездата што далеку е и некаде свети.
Иако ѕвездите се убави, но далеку се.
А најубавата звезда свети, во твоето око.
Знај дека сè што некогаш било,
минато ќе стане,
а никој од нас не знае,
што утре го чека.
Среќата е можда,
одма тука, зад првиот агол.
Благица Гаврилоска