ГОСТИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА

Битола по 27-ми пат е домаќин на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој годинава се одржува под мотото „Огледало на вистината“.
Во рамки на фестивалските активности, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари прием со дел од уметниците и учесниците, кои оваа година доаѓаат од повеќе земји ширум светот.
„Задоволство ми беше да поразговарам со нив, особено да ги слушнам нивните впечатоци од престојот во Битола, како и нивното доживување на фестивалската програма“, истакна градоначалникот Коњановски.
Директорот на Центарот за култура, Сашо Илковски, заедно со уметниците од Романија, Казахстан/Данска, Бугарија, Украина/Полска, Грузија, Египет, Италија, Ерменија и Македонија, изразија благодарност за топлото гостопримство и континуираната поддршка што Општина Битола ја дава на овој значаен културен настан.
Фестивалот и годинава ја потврдува својата меѓународна важност, претворајќи ја Битола во центар на театарската уметност и културната размена.


1173

Задолжително

Verified by MonsterInsights