„All You Need Is… БИТ(О)ЛСИ“ – како Битлси звучат по битолски!

Битолскиот дувачки оркестар на 20 мај во 20:00 часот во Центарот за култура – Битола ќе одржи концерт посветен на легендарната музика на The Beatles, под наслов „ALL YOU NEED IS… БИТ(О)ЛСИ“.

Овој музички настан претставува оригинален спој на класичниот звук на дувачки оркестар и безвременските поп-рок хитови кои ја обележаа светската музичка историја. Публиката ќе има можност да ги слушне најпознатите песни на „Битлси“ во нови, современо оркестрирани аранжмани, изведени со препознатливата енергија на Битолскиот дувачки оркестар.

Како специјални гости ќе настапат Бранислав Николов, Сашо Паркет и Горан Петков, кои ќе придонесат за дополнителна сценска динамика и уникатна изведбена атмосфера. Водител на вечерта ќе биде Рубенс Муратовски.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со емоции, силна музичка енергија и поинакво доживување на едни од највлијателните песни во историјата на популарната музика. Настанот продолжува и со соработката со Државното музичко училиште – Битола, кое и овојпат дава поддршка во реализацијата.

Влезниците се по цена од 400 денари и можат да се набават на билетарницата во Центарот за култура – Битола од 16 мај 2026 година, како и преку резервација на официјалните Facebook и Instagram профили на оркестарот.


1140

Задолжително

Verified by MonsterInsights