150 ученици од Новаци на дводневен престој на Пелистер
Преку соработка меѓу АД ЕСМ, ЕСМ Молика и Општина Новаци, 150 ученици од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци ќе престојуваат два дена во Хотел „Молика“ на Пелистер.
Денеска првата група од 75 ученици беше пречекана од градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, кој им посака убав престој и незаборавни спомени. Директорот на Термоелектрани при РЕК Битола, Никола Кузмановски, истакна дека АД ЕСМ како општествено одговорна компанија продолжува да вложува во здравјето, образованието и развојот на младите генерации.
Втората група од уште 75 ученици на Пелистер ќе замине во среда.