СЕ ОДРЖА ПРВАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ – ФАЗА 2“

Во општинската сала во Новаци се одржа првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, со учество на граѓани, претставници на месни заедници, јавни институции, граѓански организации и други засегнати страни.

Сесијата ја отвори градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, кој ја истакна важноста од активно вклучување на граѓаните во креирањето на проекти и решенија што ќе придонесат за развојот на општината и подобрување на квалитетот на живот.

Во текот на средбата беше презентиран форумскиот процес, неговите цели и активности, а учесниците дискутираа за приоритетните теми и ги идентификуваа клучните предизвици во заедницата. Беа предложени повеќе идеи и можни проектни решенија кои ќе бидат дополнително разработени во следните форумски сесии.

На крајот беше формирана работна група за анализа на избраната приоритетна тема и беше договорен терминот за следната сесија. Форумите во заедницата овозможуваат директно учество на граѓаните во донесувањето одлуки и заедничко креирање проекти според реалните потреби на Општина Новаци.


1168

Задолжително

Verified by MonsterInsights