Концерт на грчкиот ансамбл „10-те бузуки на Домниа“ во рамките на Локум фест 2026
Одложениот концерт на грчкиот ансамбл „10-те бузуки на Домниа“, кој е дел од програмата на Локум фест 2026 во рамките на БИТ ФЕСТ, ќе се одржи вечерва, 6 август, во Хераклеја, со почеток во 20:00 часот.
Доколку временските услови не дозволат одржување на концертот на отворено, настанот ќе биде преместен во Центарот за култура – Битола.
Влезниците по цена од 600 денари се достапни онлајн преку платформата www.karti.com.mk, како и на билетарницата во Хераклеја на денот на концертот.
Организаторите информираат дека сите претходно купени влезници и доделените ваучери остануваат важечки и ќе може да се искористат за вечерашниот концерт.