Фестивал на дуети „Константин и Елена“ – музичка вечер исполнета со емоции и македонска песна

Вечерва, 6 август 2026 година (четврток), со почеток во 20:30 часот, во дворот на Основното училиште „Гоце Делчев“ ќе започне новото издание на Фестивалот на дуети „Константин и Елена“, кој и годинава ќе ги собере љубителите на македонската музика на една незаборавна фестивалска вечер.

Со свеченото отворање ќе започне уште едно издание на фестивалот, кој низ годините прерасна во препознатлива музичка манифестација што ја негува македонската песна и ги спојува генерациите преку музиката. По поздравното обраќање и официјалното отворање, сцената ќе им припадне на изведувачите кои ќе настапат во дуетски состави, носејќи богата програма исполнета со народни мелодии, евергрини и нови музички интерпретации.

Публиката ќе има можност да ужива во настапите на Николче Талевски, групата „Плетенка“, Кирил Чокузовски, Рени и Сашо Башевски, Софија Кочевска и Драган Гулевски, групите „Нектар“ и „Океј-Бенд“, Бранка Соколовска и Перо Христов, Марија и Раде, Благоја Груевски и Гоце Пејаковски – Пејак, Соња Манасиевска Колевска и Пеце Ристевски, Вера и Симе Бричо, кои специјално пристигнуваат од Австралија, како и Сузана Гавазова и Борче Наумовски – Министерот.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со многу музика, силни емоции и фестивалска атмосфера, а љубителите на македонската песна ќе имаат можност да уживаат во изведби што ветуваат незаборавно доживување. Фестивалот „Константин и Елена“ и годинава ја продолжува својата мисија да ја промовира домашната музичка традиција и да создава нови спомени преку убавата песна.


1153

Задолжително

Verified by MonsterInsights