December 3, 2022

Потпишан нов колективен договор во АД ЕСМ


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/pelanet/public_html/wp-content/themes/covernews/inc/hooks/blocks/block-post-header.php on line 43

АД ЕСМ го објави следното соопштените :                                                            

АД ЕСМ и Синдикалната организација во компанијата потпишаа нов колективен договор со кој се унапредуваат и подобруваат условите за работа, како и правата на вработените. Договорот го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски и претседателот на Синдикалната организација на АД ЕСМ, Јове Смилевски.
Новиот колективен договор носи подобрувања на одредбите во повеќе сфери и е резултат на преговори меѓу менаџментот на АД ЕСМ и единствениот репрезентативен синдикат на вработените, а со поддршка на ССМ и СИЕР( Синдикат на индустрија, енергетика и рударство).

Новиот колективен договор предвидува прецизирање на минималната плата согласно новите законски измени, утврдување на исплата на два додатоци за работа во недела согласно новите законски одредби, дополнителни исплати за вработените во случаи на работни обврски надвор од утврдените со работното место, особено за работа во стручни комисии за инвестициски и други проекти, унапредување на родовата еднаквост во однос на одредени прашања поврзани со солидарната помош, унапредена е можноста за оспособување и стручно усовршување на вработените особено во профили кои во иднина ќе бидат повеќе потребни во производниот процес, односно кадри за работа во капацитети од обновливи извори на енергија, потоа олеснување на можноста за изведување на ученичка и студентска практична работа во електраните на АД ЕСМ итн.

Дополнително, во договор и со поддршка на Синдикатот, беше донесена одлука да им се овозможи на вработените самоиницијативно да се пријавуваат за неплатен одмор во траење до 2 месеца во период на траење на енергетската криза, за профили кои не се клучно неопходни за производниот процес, со цел да се намалат трошоците во криза.
АД ЕСМ и натаму останува отворен за соработка во делот на синдикалното организирање и можностите за унапредување на условите за работа. Од менаџментот на АД ЕСМ сметаат дека целта на колективните договори не е само да ја подобрат финансиската состојба на вработените, туку и да имаат позитивен ефект врз колективната атмосфера во друштвото, вреднувајќи го трудот и залагањето на секој поединец кој ги извршува своите работни задачи совесно и одговорно.

Во предвид се земаат мислењата, потребите, побарувањата на вработените во сите подружници на АД ЕСМ, со што компанијата обезбедува најширок можен пленум во кој се разговара за унапредување и подобрување на условите на работа на работниците.
АД ЕСМ и Синдикалната организација при Државните електрани на Северна Македонија потпишаа колективни договори во 2018 и 2020 години. Секој од тие документи бил подобар од претходниот и претставувал дополнително подобрување на условите за работа на вработените, како и придобивките од работниот ангажман во АД ЕСМ. Новиот колективен договор е круна на успешниот социјален дијалог кој се води во рамките на друштвото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *