December 5, 2022

Поезија: 3 песни од Виктор Јевтимов од Куманово

Залудно те будам

Те будам те викам
по твоето вистинско име
повторно и повторно
ама залудно е.
Те гледам со моите очи
а твоето лице толку
црвено и зажарено
а очите твои затворени.
Те погалив по лицето
се наведнав и те бакнав
солзи две капнаа
од очите твои.
Те повикнав повторно
по вистинското име твое
но залудно е…те фатив за
раката твоја цврсто и тогаш…
Тогаш…
светот ми се промени
се завртов за триста и шеесет степени
и замолчев со зборови.
Ама молчев со зборови
ама со душата неможев.
Однатре солзи ми извираа
надвор поројни дождови
од очите течеа.
Залудно е од моите искрени солзи
залудно е повторното викање
по твоето вистинско име.
Тогаш сватив дека
вистински те нема изгубив.

Не го сакам насловот

Кога љубовната стрела ке те застрела
и влезе во срцето твое
тогаш никој неможе да ти помогне
само гледаш розова боја и многу
срциња околу тебе.
Но кога стрелата ке те застрела
и истата ке излезе од срцето твое тогаш ти си
многу болен.Но..Тука е и самиот
нем почеток.
Во себе немири и огнови кои горат
стрелата и куршумот
прават длабоки рани неизлечливи.
Тогаш чистата солза ја губи својата чистина
станува солза на каење.
Се каам што бев пријател со љубовта
ми отвори нови патишта бев заслепен
од убавината на пријателството за да
станеме љубовно пријателски.
Верував премногу и очекував
сонував сон но ти го прекина
наречено само за љубов за дваица
И затоа јас не го сакам насловот
љубовта претставува болка
ако неможе некоја болест
тогаш љубовта може да те убие

Херој

Благослов е да си роден
да го живееш своето време
исполнето со радост и само радост
опкружен со саканите свои.
Тогаш ти си бесмртен
и никој не ти може
а твоето бескрајно бесконечно сонце
силно сјае.
Но надојдоа бурни времиња
исполнети со тешки темни облаци
сонцето го прекрија
силни ветрови раздуваа
дрвја разрушија листови одува.
Големи реки матни
сосебе влечат тешки товари
товари ко планини
и единсвен мост разруши.
Мостот на животот
мостот на надежда.
Сега јас повторно сам
стојам на патот со наведната глава
со солзи во очите
со многу мисли и зборови
една целШто е Живот?
Се раѓаме ние плачеме
и сите околу нас плачат
и се радуваат со солзи
бесконечни радосници.
Го живееме животот
имаме цел да всадиме
нов живот што ке не замени
нас самите.
И кога ке дојде судниот час
кога ќе бие црковното ѕвоно
знај дека сите се со тебе
со душата и мислите.
Затоа ти си бесмртен
Хероју…Животе мој

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *