December 5, 2022

Поезија: ‘Твoјата љубов’ од Благица Гаврилоска

Твојата Љубов

Твојата љубов е океан
каде песокот го среќава морето
а брановите на љубовта се тркалаат
преку мене

Твојата љубов доаѓа до мене
како плимата до брегот
чекајќи со потреба
да ме прегрнуваш повеќе

Твојата љубов е месецот
кој сјае преку блескавото море
длабока,јака ,смирувачка
секогаш тука да се грижи за мене

Твојата љубов е мој заклон
Мој компас,мој вистински север
каде и да одам јас,,твојата љубов ме води.

Твојата љубов ,свеж океански ветрец
нежно замавнува преку моето лице
допирајќи ме од место на место

Твојата љубов е..
солениот воздух кој го мирисам
прочистуваќи ги моите мисли.

Твојата љубов е
чувар на животот што ме пази од
потонување
кога одам таму покрај морето
јас не сум сама,твојата љубов е со мене
Ја чувствувам насекаде
убава,дива мистериозна

Твојата љубов ме опива
го одзема мојот здив
ме држи во рацете на ветерот
кога ги губам очите.
Танцуваат спомените на твојот шарм
никогаш не се губат од моите
најдлабоки сеќавања

Така ако нашите души се раздвојат за да се збогуваат
најдиме таму ,каде што морето го допира небото

Твојата љубов засекогаш ќе биде со мене
каде што песокта го допира морето.

Нашата љубов живее
нашата љубов протекува повторно во вечноста мој ангелу.

Благица Гаврилоска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *