March 26, 2023

Поезија: Благица Гавриловска за Македонскиот непокор

Македонски непокор!

Бидете горди македонци
Македонија денес слави
смело и одважно се исправи
со најхрабрите во светот се здружи
да го истера злото од тлото
против надмоќниот непријател
смело и одважно крвав бој отпочна.

На денешен ден пукна првата пушка во Прилеп ,
се здружија најхрабрите и одважните
не ги жалеа животите
ги оставија домовите и
своите семејства
да ги жртвуваат за слободата на татковината.

Засекогаш го обелеа образот
на нас Македонците
го одбраа вистинскиот пат на непокор
зашто за слободата и правдината
покажаа храброст и одважност.

Против светското зло се здружија
со помоќните сили и тие застанаа
рамноправно
да се истера злото беше целта
и окупаторот да го победат
и од него да не ослободат
со заеднички сили здружени
антихристот го истераа
слободата ни ја донесоа .

Благица Гаврилоска
Кичево

Честит 11 Октомври Македонци