March 28, 2024

ЗГ„Силата на бабата“ исплетија 24 пара чорапи

ЗГ„Силата на бабата“во која членуваат триесеттина жени пензионерки од Новаци направија рачно изработени плетени чорапи од вуница за играорците од Културно уметничкото друштво од Новаци.
Осум жени исплетија 24 пара чорапи за групата со возрасни играорци 12 женски и 12 пара машки. Исто така за скоро ќе бидат готови и 24 пара чорапи за дечињата од малата група.
Ова е практика која се повторува веќе неколку години наназад а средствата за работни материјали и работна рака се обезбедени под покровителство на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски и Советот на Општина Новаци.
Општина Новаци исто така на КУД Новаци им обезбеди и 12 женски носии карактеристични за полето и Пелагонискиот регион.


1020