March 29, 2024

Каде одиш свету?
каде тргна ти човеку,
каде чекори твојата нога?
Погрешен е твојот чекор
погрешен е правецот по кој ти стремиш
труло и лизгаво е тоа тло
се лизга и се рони,
зарем сакаш во амбис
да тонеш и
уште многу жртви во неповрат да носиш.
Малку ли се природните
катастрофи,
кои со твоите дела ги предизвика токму Ти!
малку ли се жртви од
пожари и поплави,
од земјотреси,торнада,тајфуни ,
малку ли жртви короната
секојдневно носи и коси.
А ти за свој хир
како мало и неразумно дете,
кому играчка му зеле
бесот да го стишаш
неумееш и не знаеш.
Животите на луѓето играчка
твоја не се
во рацете на Бога се тие и
не се хули на него.
Убава е оваа планета ни Земја
и на неа за сите луѓе место има.

Автор
Благица Гаврилоска
26.01.2021
Кичево


1105