March 2, 2024

Министерството за култура да се вика Министерство за култура и туризам

Вчера во Битола се одржа трибина во организација на Централната комисија за култура на ВМРО ДПМНЕ, на која присуствуваа претседателката на Централната комисија за култура, Мими Ѓоргоска Илиевска и членот на ИК, Зоран Љутков, заедно со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, секретарот на општина Битола, Борче Димитровски, поддржано од локалната комисија за културна и многу културни работници.

Од Битола, градот на културата, но и непресушното културно творештво, беше испратена порака дека буџетот за култура мора да биде поголем, исто така од суштинска важност е улогата на менаџерите во институциите од културата, развој и поддршка на културниот туризам, како еден од сегментите за значителен развој на локалните, но и националните економии.

Оттаму и предлогот Министерството за култура да се вика Министерство за култура и туризам.


1129